Од ноќеска на полноќ, бензините ќе се продаваат по повисоки цени за 2,5 денари, а дизелот за два денари.
Според одлуката што ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, бензинот МБ-96 од 67,50 денари за литар се зголемува на 70 денари за литар, БМБ-91 од 64 денари
на 66,50 денари, БМБ-95 од 64,50 се зголемува на 67 денари и БМБ-98 од 65,50 денари се зголемува на 68 денари за литар.
Цената на Дизелот ќе изнесува наместо 49,50 денари за литар 51,50 денари, а на Дизелот Е ИИИ наместо 50 денари 52 денари за литар. Екстра лесното ќе се продава наместо 39 денари 41 денар за литар.