Бензините од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по цена за денар поевтина од досегашната , додека цената на дизел горивата останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница.
Моторниот бензин МБ-96 од 70 од утре ќе се продава за 69 денари за литар, БМБ-91 наместо 66,50 ќе се продава за 65,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР – 95 од 67 се намалува на 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР – 98 од ноќеска на полноќ ќе чини 67 наместо 68 денари за литар.