Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините се намалуваат за 3,5 денари, а дизелот за 2 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг и ќе изнесува 23,287 ден/кг.
OhridNews