Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна двонеделна седница, посветена на корекција на цената на нафтените деривати.
Согласно одлуката, новата цената на еуросупер БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, а на еуросупер БС-98 изнесува 76,00 ден/лит. Цената на еуродизелот (Д-Е В) ќе изнесува 65,50 ден/лит, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,426 денари/кг, со што новата цена од ноќеска ќе изнесува 37,070 ден/кг.
извор: Makfaks