Со одлука Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините се намалуваат за денар и половина, додека цената на дизел горивото се зголемува за половина денар.
Новата цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 59,00 ден./литар, додека Еуросуперот 98 од утре ќе чини 61,00 ден./литар.
Еуродизелот Д-Е V, ќе се продава по цена од 50,00 ден./литар, колку што ќе чини и Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ1, кое исто така послапува за 0,5 денари.
Мазутот М-1 НС, поскапува за 0,302 ден./кг и од полноќ ќе се продава за 25,968 ден/кг.
OhridNews