Малопродажната цена на бензините, ноќеска на полноќ, поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар.

Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница, посветена на корекцијата на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.  Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50  ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 ден/лит. Истовремено, поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува  42,443  ден/кг.

OhridNews