Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цените на бензините се намалуваат за 1,5 денар, додека дизелот поскапува за половина денар.

Новата цена на евросупер-95 изнесува 70,5 денари, а на евросупер 72,5 денари. Дизелот од ноќеска на полноќ ќе чини 58 денари за литар. Според одлуката на РКЕ и цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а новата цена изнесува 46,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 денари за килограм и ќе изнесува 28,934 денари.

OhridNews