Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се поевтини за еден денар по литар бензин, односно два за дизел.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Малопродажните цени на МБ-96, БМБ-91, БМБ-95 и БМБ-98, се намалуваат за 1, додека цената на МБ-96 од 63,50 ден за литар се намалува на 62,50 ден. БМБ-91 од 60,00 ден се намалува на 59,00 ден., БМБ-95 од 60,50 ден се намалува на 59,50 ден. и БМБ-98 од 61,50 ден. се намалува на 60,50ден/лит.
Цените на дизелот и на екстра лесното се намалуваат за 2,00 денари по литар. Причина за намалувањето, како што се наведува, е намалувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.