Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 2 денари за литар, додека дизел горивата се намалуваат за еден, а екстра лесното масло за половина денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросуперот БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека на Еуросуперот БС-98 изнесува 79,00 ден/лит. Еуродизелот (Д-ЕВ) од ноќеска ќе се продава за 69,50 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 58,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,334 денари за килограм, со што новата цена изнесува 41,292 ден/кг.

Одлуката се образложува со намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

OhridNews