Цените на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 2,5  денари за литар, а на дизелот за 4 денари, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно најновите измени, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 ќе биде 46 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 47 денари за литар а МБ-96 ќе биде  49 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) и на Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) се намалуваат за 4, односно 3.5 денари за литар. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ)  ќе изнесува 39.5 денар за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 29 денари за литар.

Ohridnews