Малопродажната цена на МБ-96 од 62 денари за литар се зголемува на 63,50 денари за литар, БМБ-95 од 59 денари се зголемува на 60,50 денари за литар, додека цената на дизелот од 51,50 денари се зголемува на 53 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, задолжена за утврдување на цените на горивата.


Цената на БМБ-91 е 60 денари за литар, на БМБ-98 е 61,50 денари и на Дизел е 53,50 денари за литар. Цената на екстра лесното се зголемува за еден денар, односно од 41,50 денари се зголемува на 42,50 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на М-1 и М-2, така што мазутот М-1 ќе се продава по 18,682 денари, додека М-2 18,652 денари за килограм.