Малопродажните цени на бензините од денеска се зголемуваат за половина денар, додека цената на дизелот останува непроменета. Вака  одлучи Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на својата редовна седница.
 
Според оваа одлука новата цената на МБ-96 ќе изнесува 61,0 денари за литар, БМБ-91 ќе чини 57,50 ден/лит, БМБ-95 – 58,0 ден/лит, а БМБ-98 – 59,0ден/лит.
 
Цените на дизелот и на екстра лесното гориво  остануваат на исто ниво. Цената на мазутот ќе се зголеми за нешто повеќе од половина денар за еден килограм.