Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Цената на еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе изнесува 76,50 ден/лит, а еуросуперот БС-98 ќе се продава за 78 ден/лит.
Согласно одлуката на регулаторите, цената на Еуродизелот (Д-Е В) ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар, а екстралесното масло за 58 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,602 денари по килограм, со што новата цена на М-1 НС изнесува 41,576 ден/кг.
Намалувањето на нафтените деривати се образложува со пониската цената на суровата нафта на светските берзи за 0,66 отсто и курсот на денарот во однос на доларот од последната одлука на РКЕ пред две недели.
извор: „Макфакс„