Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг., соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со оваа Одлука новата малопродажна цена на литар Еуросупер БС-95 ќе чини 73,5 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75,5 денари, а литар дизел за 66 денари.

Мазутот ќе се продава по цена од 37,155 ден/кг, додека Екстра лесното масло за домаќинство 65,50 ден/лит.

OhridNews