Кога еден ден детето „Dixon and Willoughby Partin“ ќе ги праша родителите како го добило неговото име, ќе дознае дека татко му за неговото име добил бензин во вредност од 100 долари.

David Partin од Орландо се јавил на наградната игра на локална радиостаница која нудела бензин во вредност од 100 долари на оној слушател кој во замена ќе понуди најинтересна идеја.


Тој рекол дека кога ќе се роди детето ќе го добие името „Dixon and Willoughby“ вклучувајќи го и „and“.

Водителот на емисијата се согласил, а наградата ќе му ја исплатат кога ќе им ја однесе крштеницата.