Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, синоќа постигна хет-трик во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи (3:1).

Бензема ги постигна 9., 10. и 11. гол во тековната сезона од елитното фудбалско натпреварување.

Триесет и четиригодишниот напаѓач стана првиот Французин кој постигнал најмалку 10 гола во една сезона во Лигата на шампионите. Земајќи го предвид Купот на шампионите, Бензема е вториот француски фудбалер со вакво достигнување. Во сезоната 1958/59, Жусте Фонтен постигна 10 гола.

OhridNews