Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема и дефанзивецот Ферланд Менди ќе можат да играат против Пари Сен-Жермен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Двајцата играчи, кои целосно закрепнаа од повредите, се најавени во стартниот состав на шпанскиот клуб, објави „RMC Sport“.
Бензема и Менди немаат играно натпревар од 23 јануари поради повреди. Сепак, тие се најдоа во комбинација за натпреварот во Париз.
Дуелот ПСЖ – Реал Мадрид ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.
Другата двојка вторничката програма во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување е Спортинг – Манчестер сити.
OhridNews