Фудбалерите на Реал Мадрид пропуштија прилика да се искачат на врвот од табелата во шпанската Ла лига, но можат да бидат среќни за ремито (1-1) против Валенсија на Местаља стадионот во 16-та рунда од првенството.

„Кралевите“ благодарание на погодокот на францускиот интернационалец Карим Бензема освоија бод и избегнаа пораз во Валенсија. Домаќините поведоа со голот на Карлос Солер во 78-та минута, а само за неколку минути не се покажа тој погодок пресуден за победата.

Барселона и Реал Мадрид со ист број на бодови ќе влезат во супер дербито „Ел Класико“ кое ќе се одигра в среда со почеток во 20 часот.

Резултати:

Гетафе – Ваљадолид 2-0

Селта Виго – Мајорка 2-2

Еспањол – Реал Бетис 2-2

Виљареал – Севиља 1-2

Валенсија – Реал Мадрид 1-1

Табела: Барселона 35, Реал Мадрид 35, Севиља 31, Гетафе 30, Атлетико Мадрид 29…

OhridNews