Францускиот интернационалец Карим Бензема ги дочека своите пет минути во Реал Мадрид. Искусниот напаѓач долги години беше во сенка на Кристијано Роналдо, кој пред почетокот на оваа сезона се пресели во италијански Јувентус. Заминувањето на Португалецот и променливата форма на Герет Бејл максимално ги искористи Бензема кој се наметна како лидер на „кралевите“.

  • Претходно играв за Роналдо. Секогаш се трудев да му помогнам да постигне што повеќе голови. Сега сум слободен да го играм мојот фудбал. Бев во сенка, но дојде и мојот ред, да покажам дека и јас можам да постигнувам голови. – изјави Бензема.

31-годишниот напаѓач сезонава во 25 мечеви во Ла лига има постигна 11 погодоци и најефикасе фудбалер во составот на Реал Мадрид. Бензема во Мадрид се пресели јули месеци 2009 година за 35 милиони евра од Лион.

OhridNews