Лидерот на табелата во Ла лига, Реал Мадрид запиша нови три бодови на своето конто после минималниот триумф 1-0 (0-0) над Атлетико Мадрид во градската пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ стадионот.

Човек на одлука во мадридското дерби беше Карим Бензема. Францускиот фудбалер во 58-та минута со погодок ја круниса маестралната акција на Менди и Винисиус. „Кралевите“ во продолжението од мечот оддолеаја на нападите од градскиот ривал и прокнижија важни три бодови во борбата за титулата со Барселона.

Каталонците заостануваат шест бодови од Реал Мадрид, но имаат меч помалку кој ќе одиграат утре на Ноу Камп против тимот на Леванте.

OhridNews