Селекцијата на Македонија на пријателскиот дуел со Португалија одигран во Леирија покажа ново лице. “Црвено жолтите“ успеаа да ги задржат скапите ѕвезди на “европските бразилци“ и да ремизираат без голови 0-0. Селекторот на Португалија, Паоло Бенто истакна дека е задоволен од играта, а резултатот му е во втор план.

Сакав да видам некои делови од тимот каде сеуште не сум одлучил кој ќе игра. Ни преостанува доста време до почетокот на ЕП, за да ги поправи грешките со Македонија. Во текот на целиот меч имавме контрола, но не успеавме да го пронајдеме патот до мрежата. Секоја чест за репрезентативците на Македонија, кои “изгинаа“ на теренот за својата земја – потенцираше Бенто.

Македонија во Португалија ќе одигра уште една пријателска средба овој пат со Ангола.

Мх.П.