Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва, во црквата Света Софија со почеток во 21 часот, е концертот на Бенсман саксофон квартет во кој членуваат Детлеф Бенсман- сопран саксофон, Тианхонг Ву- алт саксофон, Лиу Паи- тенор саксофон, Нинослав Димов- баритон саксофон.

Бенсман Саксофон Квартет дебитира на концертниот подиум во 2006-та година со премиерна изведба на Брехтовата „Баденер Лехрстуцк” за хор, солисти, саксофон квартет, пијано и перкусии од Карлос Фаринас и Итај Двори, по што следи продукција за Германското радио. По успешната премиера како на делото, така и на ансамблот, произлегува и идејата на Детлеф Бенсман да ја заврши својата кариера во Берлинскиот квартет саксофони, во кој како примариус успешно работел повеќе од 20 години, и да се посвети на неговата кариера како солист, диригент, композитор, и воедно на развивањето на овој „млад“ квартет во кој членуваат исклучиво уметници кои студирале кај самиот Бенсман, со што се овозможува по ефективно изразување на уметничката мисла и идеја.

Во периодот од 2007 година, па се’ до денес, може да се вбројат низа успешни концерти и настапи на врвни музички фестивали како низ Германија, така и во цела Европа, и три концертни турнеи во САД (2008) и Кина (2008, 2017).

OhridNews