Шпанецот Рафаел Бенитез во календарската 2010 година на два пати заработи отказ но заработи околу 8 милиони евра.  Англискиот гигант Ливерпул по завршувањето на сезоната се одлучи да се раздели од својот менаџер, но поради предвремениот раскин тој доби оштета од 4,7 милиони евра. 

и кога губи , добива – Рафаел Бенитез

Бенитез не беше долго без работи и премина во европскиот првак Интер со кого во шест месеци освои два трофеи. Но бледата игра на “нероаѕурите“ и конфликтот со претседателот Морати значеше дека тој повторно ќе мора да ги пакува куферите. Но шпанецот не остави ништо на случајност па по прекинот на договорот, Интер му исплати 3 милиони.

Ohridnews