Актуелниот првак во Серија А, Интер со минимални 1-0 прокнижи нови три бода на гостувањето кај Каљари. Камерунскиот интернационалец Самуел Ето повторно е таличен за “неро азурите“ постигнувајќи го погодокот вреден три бода.


– Трите бода кои го освоивме денеска се многу важни како и сите наредни. Ме радува фактот дека и без 3-4 првотимци победуваме. Ето е лидер на тимот но не зависи све од него – смета Бенитез.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев поради повреда го пропушти натпреварот.

ohridnews