Поразот во слаба игра во градското дерби од Милано со 1-0, како и четирите меча без победа во Италија, сериозно ја дрмаат позицијата на Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез на клупата на европскиот првак Интер.
Бенитез по поразот од Милан побара време за реконструкцијата на тимот, а пред се на играта на екипата, алудирајќи на потреба од промени во играчкиот кадар во зимскиот преоден рок.
Масимо Морати, претседателот на Интер стои на позцијата од стартот на сезоната кога истакна дека нема потреба од засилувања. – Интер има играчи за успешно да се носи со сите екипи. Да се загуби дерби се случува, но не ми се допадна начинот на кој влеговме во игра. Не е проблем што Милан не напаѓаше, проблем е што ние не ја играме нашата игра – вели Морати.
Бенитез престојот во Италија може да си го продолжи само доколку “неразѕурите“ почнат да победуваат. Првата шанса ќе ја имаат в недела против Кјево.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com