Атлетико Мадрид и Бенфика се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони откако вечерва славеа минимални победи со 1:0 на гостувањата кај Манчестер јунајтед, односно Ајакс.

На „Олд Трафорд“ во Манчестер, победничкиот гол за Атлетико го постигна Лоди во финишот на првото полувреме. На првиот меч во Мадрид беше 1:1, па шпанскиот тим со вкупни 2:1 оди во следната фаза.

Со минимални 1:0 победи и Бенфика во Амстердам против Ајакс. Голот вреден четвртфинале го постигна уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез во 77.минута. Првата средба која се одигра во Португалија заврши со резултат 2:2.

Претходно, пласман помеѓу осумте најдобри во елитното фудбалско натпреварување изборија Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер сити и Ливерпул.

Ждрепката за 1/4 финалето на турнирот ќе се одржи на 18 март.

OhridNews