Екипата на Милан останува на водечката позиција на табелата во Серија А, откако со 2-0 славеше на гостувањето кај тимот на Беневенто.

„Росонерите“ на почетокот од Новата 2021 година го положија испитот за карактер, затоа што ги освоија бодовите и покрај играчкиот дефицит околу 50 минути.

Мечот започна многу добро за Милан кој во 15-та минута поведе со 1-0. Стрелец на голот од пенал беше Кеси. Во 34-та минута исклучен беше Тонали кој остро стартуваше над противнички фудбалер. „Миланезите“ не потклекнаа пред притисокот, туку постигнаа уште еден гол за 2-0. Прецизен беше Леао кој ја искористи грешката на голманот од Беневенто. Домаќините, во 61-та минута ја имаа најдобрата прилика да се вратат во игра, но Капрари биеше покрај голот од белата точка. Беневенто продолжи да напаѓа, но не успеа да постигне погодок со кој ќе ја загрозеше победата на Милан.

  • Резултати:

Интер – Кротоне 6-2

Рома – Сампдорија 1-0

Аталанта – Сасуоло 5-1

Каљари – Наполи 1-4

Фиорентина – Болоња 0-0

Џенова – Лацио 1-1

Парма – Торино 0-3

Специја – Верона 0-1

Беневенто – Милан 0-2

Јувентус – Удинезе

Табела: Милан 37, Интер 36, Рома 30, Наполи 28, Сасуоло 26..

OhridNews