Британскиот тинејџерски бенд „One Direction“ е прогласен за најголема ѕвезда на годината во изборот на MTV. популарниот поп состав ја освиол титулата во конкуренција на 60 групи и изведувачи кои оставиле најголем траг во изминатава година. За „One Direction“ преку друштвените мрежи гласале 40,8 милиони фанови ширум светот. Втор е младиот канадски пејач Џастин Бибер кој собрал 40,3 милиони гласови.
„One Direction“ и Џастин Бибер постојано се менувале во водството за време на гласањето кое траело месец дена и во чие траење секоја минути стигнувале по 50 илјади твитови. Во топ 10 се нашле уште и Кеш, „30 Seconds to Mars“, „The Wanted“, Ники Минаж, Бојонсе, Крис Браун, Ријана и „Litl Miks“. „One Direction“ неодамна се нашле на врвот на британската и американската топ листа со песните “Best Song Ever” и “Story of My Life” од нивниот најнов албум “Midnight Memories”.