Американскиот хард рок бенд “Guns and Roses” соопшти дека ќе одржи 21 настап во рамките на турнеја во Северна Америка. Членовите на групата објавија краток виде клип на својот сајт во кој најавуваат настапи во 20 американски градови и во Торонто во Канада, каде ќе имаат концерт ова лети, но не ги прецизираа датумите на концертите. Меѓутоа, претходно е најавено дека ќе имаат концерти на 8 и 9 април во Лас Вегас и на 19 и 20 април во Мексико.

 

Бендот во јуни 1985 година во Лос Анџелес го основаа пејачот Вилијам Аксел Роуз, гитаристите Трејси Ганс и Изи Стредлин, Басистот Оул Бејч, кој подоцна го замени Даф Макејган и тапанарот Роб Гарднер. Нивната музика во тоа време беше единствена мешавина на панк, блуз и глам. Бендот важи за еден од највлијателните и комерцијално најуспешни рок бендови на сите времиња. Издадоа шест студиски албуми и три албуми во живо, како и три видео изданија. Нивни најпознати хитови се “November Rain”, “Paradise City”, “Sweet Child O’ Mine” и “Don’t Cry”.