Овој четврток, 14 јуни, во „Корнер“ настапува охридскиот бенд составен од млади и харизматични локални музичари „Броз“.

Овој бенд го привлекува вниманието со оригиналниот и енергичен настап исполнет со одлична свирка и забави кои се прераскажуваат. 

Настапот на „Броз“ во „Корнер“ започнува во 22 часот.

Во меѓувреме „Броз“ засилени со локални колеги во студиото на Кречо го подготвува првиот сингл, летна хумористична песна со охридски шмек, која наскоро ќе добие и видео запис.

OhridNews