Пакистанската опозициона лидерка Беназир Буто почина од последиците на терористичкиот напад кој денес се случил на предизборниот митинг во градот Равалпинди. Буто од пoследиците на ранувањето починала околу 18:18 ч. по локално време. Веста за убиството на Буто ја потврдил Васиф Али Кан, член на нејзината партија кој се наоѓал во болницата во која Буто била примена по ранувањето.
Светските агенции јавуваат дека силна експлозија, за која се верува дека ја предизвикал бомбаш-самоубиец го погодила предизборниот митинг во Пакистан на кој зборувала премиерката Беназир Буто. Првите податоци зборуваат за најмалку 20 загинати.
Јасминка Т. Момироска