Холивудскиот актер Бен Стилер на есен ќе организира аукција на предмети на современи уметници во корист на децата погодени од земјотресот на Хаити минатата година. Во соработка со њујоршкиот трговец со уметнички дела Дејвид Звирнер, Стилер на 22 септември ќе ја организира аукцијата „Уметници за Хаити“ во Њујорк.


Меѓу уметниците кои веќе поклониле уметнички дека за аукцијата се Чак Клоуз, Пол Мекарти, Џаспер Џонс, Ден Флавин и Џеф Кунс. Приходот од аукцијата ќе биде упатен на непрофитните организации кои му помагаат на Хаити. Бен Стилер минатата година основал фондација која го промовира образованието на децата во Хаити. Таа фондација моментално работи на обновување на четири училшта погодени од земјотресот.