Помалку бизарна фотографија на актерот Бен Афлек, на која прегрнува мртва жена, се појавила на насловната страница на списанието “Entertainment Weekly”. за потербите на новиот филм „Gone girl“, направен е сет фотографии кои го следат дејството на овој филм, а во кој неговата сопруга ја глуми Розамунд Пајк.

Сопругата на Афлек во овој филм всушност е убиена, но нивните приказни и понатаму траат. Фотографиите се снимани во мртовечница, а Бен и неговата партнерка лежат во прегратка. Насловната страна можеби по малку е бизарна, но никого не оставила без зборови.