Одамна минале деновите кога Бен Афлек бил под константно внимание на медиумите поради врската со Џенифер Лопез, а актерот неодамна признал дека во бракот со Џенифер Гарнер со која има три деца се чувствува како најсреќен човек на светот. Афлек се осврнал на периодот од врската со Лопез, и рекол дека папараците можат да ти го уништат животот. Рекол дека му сметало постојаното внимание и тоа што бил редовна мета на таблоидите.
Меѓутоа, потоа се оженил со колешката Џенифер Гарнер, добил три деца, одлучил да ги бира проектите кои ќе ги снима, и според сопствените зборови да ужива во животот. Рекол дека се чувствува како дека може да направи некои од највозбудливите работи во неговата кариера и дека бил најсреќниот човек на светот.