По Роналд Реган и Арнолд Шварценегер, уште еден холивудски актер би можел филмската кариера да ја замени со политичка. Според медиумите, Бен Афлек сериозно размислува да се кандидра за сенатор. Гостувајќи неодамна на телевизијата CBS, актерот и режисер изјавил дека политиката многу го интересира и признал дека би сакал место во американскиот Сенат.
Неодамна престојувал во Вашингтон како би го привлекол вниманието на јавноста на насилството во источниот дел на ДР Конго, за чии граѓани се залага во рамките на својата фондација, и во таа прилика се сретнал со многу политичари, меѓу кои и сенаторот на Масачусец Џон Кери. Откако преминал зад камерите, Бен Афлек е политички се поангажиран, посебно со својот најнов филм „Арго“, кој раскжаува за заложничката криза во Иран помеѓу 1979 и 1981 година. Актерот осум години е во брак со актерката Џенифер Гарнер со која има три деца.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com