Актерот Бен Афлек добил доживотна забрана за влегување во касино во Лас Вегас откако бил фатен како брои карти, и сега е под истрага. Актерот играл Белк Џек во „Hard Rock Casinо“, а откриено било дека користел коцкарска стратегија за време на играњето. Актерот дошол во Невада со сопругата Џенифер Гарнер, но не е познато дали таа била со него на масата за коцкање. Обезбедувањето било многу љубезно кон славниот актер па само му рекле дека е предобар за играње Блек Џек и дека би можел да проба и други игри. На крајот тој и Џенифер биле сместени во автомобил кој ги однел до нивниот хотел.

Иако медиумите објавиле дека славниот актер добил доживотна забрана за влегување во касиното, порпаролот рекол дека Бен е ценет гостин во Hard Rock хотелот и дека може да се врати кога и да посака. Афлек наводно користел совршена тактика за броење карти, а користел црни чипови од 100 долари. Броењето карти не е нелегално, но касиното може да исфрли играч доколку се открие дека ја применувал таа тактика. Афлек уште од претходно имал проблеми со коцкањето, кога во една игра изгубил дури 400 илјади долари.