Новиот проект на актерот и режисер Бен Афлек ќе биде адаптација на романот на Денис Лихејн “Live By Night”. Како што пренеле медиумите, Афлек ќе го пишува сценариото, ќе го режира и ќе глуми во филмот чие дејство се одвива за време на прохибицијата во Бостон. Приказната го следи ликот Џо Каглин, син на полицаец кој е вмешан во организираниот криминал.

Афлек дебитирал како режисер во 2007 година со филмот “Gone baby gone”, кој исто така е адаптација на роман на Лихејн. Нeговиот политички трилер „Арго“ оваа година освоил Оскар за најдобар филм.