Пластичен хирург тврди дека познатиот актер подлегнал на естетска интервенција, поради која сега сигурно се кае. Многумина забележаа дека Бен Афлек во последно време изгледа поинаку. Некои би рекле дека ова е поради фактот што тој неодамна се разведе, но порталот “Radar Online” тврди дека вистинската причина за тоа е катастрофалната пластична операција која ја имал актерот.

 

-Тој изгледа различно, но не и подобро. Всушност, тој не личи на себе – рекол за овој портал хирургот Лајл Бек. Афлек имал пластична операција веднаш по разводот со долгодишната сопруга Џенифер Гарнер, која наводно ја изневерувал со дадилката. За жал, пластичната операција не ги донела посакуваните резултати. – Ја оперирал целата горна третина од лицето, а како резултат на тоа сега повеќе личи на Џек Николсон во улогата на Џокер, отколку што личи на Бетмен – вели докторот, и додава дека покрај ова, актерот има и ботокс над очите, но и како да ги има оперирано капаците, а се шпекулира дека имал и ласерски третмани на кожата и филери во образите.