Веќе на сите ни е добро познато дека Бен Афлек е актуелниот Бетмен. Но, овој пат, ќе ја оставиме на страна расправата дали славниот актер ги задоволи критериумите на обожавателите на ликот и делото на славниот супер херој. Она што не интересира повеќе е веста дека 43-годишниот актер напиша сопствено сценарио за нов можен филм за Бетмен. Во неговиот договор пишува дека ќе сними барем уште две продолженија, така да Бен ќе го носи костумот најмалку три пати.

 

Но, постои и сценарио, кое го напиша Бен и кое содржи навистина интересна идеја и кое стои како опција. Наводно Бен и доработувал некои од сцените на сетот на филмот “Бетмен против Супермен“, а упатените тврдат дека филмот можеше да биде уште полош, доколку актерот не вмешаше прсти. Така, во својот соло проект, Бен би се нашол и пред и зад камерите.