Американскиот актер и режисер Бен Афлек ќе ја репризира улогата на Бетмен, но овој пат во фил кој сам ќе го режира. Афлек ќе биде и автор на сценариото заедно со Џеф Џонс, креативниот директор на компанијата “DC Comics”. Снимањето би требало да почне штом Афлек ќе заврши со работа на трилерот “Live by Night”, најверојатно во ноември.

 

Афлек во улогата на човекот лилјак ќе се појави и следната година во продолжението на познатата приказна за суперхероите „Бетмен против Супермен: Зора на праведниците“. Премиерата на овој филм е закажана за 25 март 2016 година. Според медиумите, Бетмен на Афлек ќе биде прв филм за Бетмен после 2012 кој ќе биде посветен исклучиво на овој суперјунак.