Откако Џенифер Гарнер и Бен Афлек објавија дека се разведуваат, медиумите шпекулираат околу причината поради која дојде крајот на нивниот наизглед складен брачен живот. Сега се појавија шпекулации дека познатиот актер и режисет повторно се зближил со својата поранешна вереница Џенифер Лопез, што била причина за разводот. Како што пишуваат американските таблоиди, Бен и Џеј Ло, кои се забавувале година и пол пред во јануари 2004 година да ја откажат веридбата, редовно се во контакт откако се сретнале на овогодинешното доделување на Оскарите.
Сите зборуваат за Џенифер и Афлек и велат дека е неизбежно повторно да бидат заедно. Флертувале на доделувањето на Оскарите и останале во контакт преку мејл. На Џенифер Гарнер тоа воопшто не и се допаднало. Џенифер Лопез, пак, неодамна се смири со Каспер Смарт, но тоа не ги спречи гласините дека ќе му се врати на Афлек.