Актерот Бен Афлек изгубил во нелегална партија покер дури 400 илјади долари пред неколку ноќи, а како што пишуваат американските таблоиди, парите ги должи на холивудскиот моќник Рон Маер. Пред да се смири и да се ожени со колешката Џенифер Гарнер, Афлек бил познат коцкар, а извесен период се лекувал и од алкохолизам. По се изгледа актерот се вратил на еден од своите стари пороци.


Тој за прв пат во круговите на илегалните покер турнири во Холивуд влегол уште во 2004 година додека бил во врска со Џенифер Лопез, а едно време во својата куќа организирал турнири кои биле познати како „Играта на Бен“. Интересно е што во коцкарски долгови западнал и Тоби Мегваер, кој е оженет со ќерката на Рон Маер, а наводно нему му должел поголема сума пари, токму како и Афлек.