Оскаровецот Бен Афлек многу често го нарекувале златното момче на Холивуд, а актерот и режисер сега имал и доказ за тоа. За време на ручекот со колегата Дејвид Финчер во Брентвуд, Афлек покажал два златни заби.
Јасно се забележувало дека неговиот горен катник и помал заб на левата страна од вилицата биле златни. тој уште во 1988 година вградил нови заби за потребите на филмот „Армагедон“, што го чинело околу 20 илјади долари.