Некогашниот холивудски златен пар, Џенифер Гарнер и Бен Афлек, папараците неодамна ги фотографираа во семејна прошетка, со што уште една ги подгреаа гласините дека одлучија на својата љубов да и дадат втора шанса. Парот, кој има три деца, фотографиран е на улиците на Брентвуд, во прошетка со најмладиот син Семјуел, а врз основ на фотографијата може да се заклучи дека Бен и Џенифер ги оставија старите проблеми на страна.

 

Имено, откако актерката откри дека сопругот ја изневерил со дадилката, одлучи да стави точка на бракот долг десет години, а новинските написи кои го следеја нивниот развод дополнително ги заострија односите помеѓу поранешните сопружници. Потоа Џенифер, во ексклузивно интервју за “Vanity Fair” поранешниот сопруг го окарактеризира како најдобар татко и човек, но и додаде дека нивниот однос бил нарушен уште пред да се вмеша дадилката. Меѓутоа сега изгледа дека актерскиот пар ги надмина старите проблеми и дека се спремни за нова шанса.