Иако претрпе јавно понижување поради неверството на својот сопруг со дадилката, Џенифер Гарнер сеуште живее заедно со Бен Афлек во куќата од 17,5 милиони долари, која никако не успеваат да ја продадат. Некогаш куќата од американските соништа, сега повеќе личи на запустен замок од хорор филмовите, а некогаш среќните сопружници сега имаат посебни крила во куќата.

 

Според информациите и фотографиите кои ги пласира „Дејли Мејл“, куќата е обрасната, дворот е запустен, како и детскиот тобоган. Куќата минатата есен беше ставена на продажба, а Џенифер и Бен официјално го објавија својот развод минатиот јуни, после десет години брак, во кој добија две ќерки, Вајолет и Серафина, како и синот Семјуел.