Бен Афлек и Џенифер Гарнер сепак не се разведуваат, така барем тврдат американските медиуми. Факт е дека сите се збунети со нивниот однос и контрадикторните вести кои доаѓаат од „проверени“ извори. Бен и Џенифер наводно одлучија уште еднаш да се обидат да го спасат својот брак кој успешно трае 11 години, се до моментот кога во јавноста се појавија нагаѓања дека Бен својата сопруга ја изневери со дадилката, но и дека неговата склоност кон алкохолот и коцкањето ја прелија чашата.

 

Сега пак се тврди дека Бен најмил куќа во близина на локацијата на која Џенифер го снима својот нов филм како би и бил на раполагање и како би ги чувал децата. Во последно време се почесто се заедно и оставаат впечаток на среќен пар. Искрено, би било убаво барем еден холивудски брак да опстане во морето разводи кои се случија ова лето.