Еден од омилените холивудски парови Бен Афлек и Џенифер Гарнер наводно се пред развод, јавуваат медиумите. Парот е во брај од 2005 година, а во последниве седмици живеат разделено. Џенифер е во Њујорк, а Бен се забавува во Лас Вегас. Извор близок до парот вели дека Џенифер веќе некое време емоционално се припрема за развод. Побарала помош од терапевт како би научила да се носи со прекинувањето и се распрашувала како е најдобро да се договорат за децата. Таа ќе бара старателство над нив.

 

Бен на роденденот на сопругата отпатувал во Канада без венчалниот прстен, а веќе некое време не се видени заедно во јавност. Изворот додава дека актерот и рекол на Џенифер дека сака разводот да биде службено потврден пред нивната десетгодишнина од бракот. Афлек и Гарнер имаат две ќерки, Вајолет и Серафина и еден син Сем.