Парот кој уживаше во љубовта изминативе десет години го потврди разводот. Бен Афлек и Џенифер Гарнер имаат три деца, ќерките Вајолет и Серафина, како и синот Семјуел. Во јавно соопштение потврдија дека ставиле точка на бракот. Во соопштението стои дека после долго размислување и внимателно расудување донеле тешка одлука да се разведат. Исто така навеле дека ќе останат пријатели и обострано ќе си помагаат кога е родителството во прашање, а ги замолиле сите да ја почитуваат приватноста на нивните деца во овие, за нив тешки моменти.

 

Гласините дека на славниот пар не му оди добро во љубовта кружат веќе извесно време. Каде што има чад има и оган, зборуваа тогаш добро известени извори кои нагласуваа дека Бен и Џенифер од самиот почеток имале несогласувања во љубовта. Според тврдењата на изворите, причината која го разори нивниот брак е тоа што актерот наводно во големи количини конзумира алкохол.