Актерскиот пар Џенифер Гарнер и Бен Афлек станале родители по трет пат, пренеле американските медиуми. Актерката позната по телевизиската серија „Алиас“ родила син. Гарнер и Афлек се венчале во јуни 2005 година на приватна церемонија на Карибите. Првата ќерка Вајолет ја добиле во декември истата година, а втората Серафина во 2009 година.
Џенифер Гарнер подоцна оваа година би требало да се појави во комедијата “The Odd Life of Timothy Green”, додека Афлек, кој добил Оскар за најдобро сценарио со Мет Дејмон за филмот „Добриот Вил Хантинг“, наскоро ќе го режира и ќе игра во филмот “Argo”.