Бен Афлек и Џенифер Гарнер го очекуваат своето трето дете. Нивите портпароли ја потврделе веста за приновата, а во краткото соопштение за јавноста актерскиот пар открил дека се воодушевени поради бременоста. Веќе некое време се нагаѓало дека актерката е бремена, но нивните портпароли тоа го демантирале.


Бен Афлек и Џенифер Гарнер се венчале во 2005 година на Карибите, а пред бракот Бен бил верен со Џенифер Лопез. Парот има две деца, ќерките Виолет и Серафина. Гарнер во една прилика открила дека тајната на нивниот успешен брак е тоа што го прифатила Бен со сите негови мани и позитивни страни и никогаш ништо не сакала да промени кај него.